Српски авион полетал од Црна Гора, а потоа почнал ужасот: Се слушнала експлозија, од авионот почнал да извива чад

Ербас 319 мораше принудно да слета 45 минути по полетувањето од аеродромот во Тиват, околу 15:45 часот, поради дефект на моторот.

Можеби некому ќе му се чинеше дека сè не оди добро, со оглед на тоа што летот доцнеше околу 45 минути, а потоа – едвај пет минути по полетувањето, под авионот се слушна силен тресок.

Првите десет минути екипажот не даде никакво објаснување, што предизвика уште поголема паника. Потоа не известија дека има дефект на моторот и дека мораме да направиме подготовки за слетување на аеродромот во Тиват“, изјави еден од патниците.

Механичарите во моментов го проверуваат авионот, а некои патници го напуштиле летот поради страв, рече тој

Back to top button
Close