Српските медиуми ни удрија мајтап-ако сте во лоша форма, сетете се на несреќната елка во центарот на Скопје

Повеќе медиуми во регионот објавија за тоа дека граѓаните на Скопје не се задоволни со елката на плоштадот во градот. Регионалните медиуми во своите наслови ги тешат читателите од нивните земји велејќи дека ако мислат украсувањето во нивниот град „не е во форма“ да се сетат на тоа какво е китењето во Скопје.
Дури, во некои наслови се тврди дека „туристи од целиот свет ја исмејуваат елката во Скопје“.
Ваква Елка нема ни на Аљи Експрес 😁#БлеснаСкупјенце ✨️ pic.twitter.com/BdnTMhUShH
— ХаНа🦋 (@HaNa_Taurus666) December 18, 2023
„Несреќната“ елка стана позната токму поради тоа што изгледа прилично грдо за новогодишната ноќ – неугледна е и недовршена, се чини дека не е ни целосно украсена, а згора на сè е и искривена“, пишува српска Нова.
Притоа медиумот ја надополнува својата приказна со коментарите за елката во Битола која исто така е исмевана на социјалните мрежи во Македонија дека е „другата половина на елката од Скопје“ според тоа дека е накитена од половината нагоре.
The Demise of the Tomb Raider
"Young Lara attempts to put together the two pieces of the cursed Christmas tree, one located in Skopje, and one in Bitola…" pic.twitter.com/k8fblbIRLd
— The Lyric Tenor (@LirskiTenor) December 19, 2023
„Вакво нешто нема ни на Али Експрес“, гласи еден од коментарите на скопјани на социјалните мрежи кој потоа беше пренесен во насловите на регионалните медиуми.






