Стјуардесата која бeше во авионот со Пригожин пред летот му пиша на семејството: „Нешто е чудно…“

Кристина Распопова, 39-годишна стјуардеса и член на екипажот на авионот Embraer Legacy 600 кој се урна во регионот Твер во Русија, а во кој беа и шефот на платеничката армија Вагнер, Евгениј Пригожин, командантот на Вагнер, Дмитриј Уткин, и уште неколку припадници на приватната армија, на своето семејството неколку часа пред полетувањето им пишала дека авионот се „поправа“ и дека летот е одложен, пишува Дејли Стар.

Според тврдењата на каналот „ВЧК-ОГПУ“ на комуникациската платформа Телеграм, Распопова на своите роднини им рекла дека имало доцнење пред полетувањето и дека авионот не полетал кога требало.

Стјуардесата посочила дека авионот бил „поправен“ пред летот. Телеграм канал „ВЧК-ОГПУ“ наведува дека Распопова на своите роднини им кажала дека авионот бил „манипулиран на чуден начин“ пред неговиот последен лет и дека поправките што биле направени биле „неразбирливи“.

Распопова последен пат е фотографирана во кафуле на еден од московските аеродроми.

Back to top button
Close