Стани Гоце

Да не претерува малку Заев со она „нашите браќа и пријатели од Бугарија“? Така ли е напишано во Договорот за добрососедство? Дека ние треба нив да ги викаме браќа и пријатели, а нивниот министер за одбрана војска би ни праќал за да нѐ побугарчуваат. Заев претера и со умилкувањето кон Европска унија, дека еве ние ништо не сме згрешиле, ама ако треба ќе направиме уште некаков компромис, нешто ќе се договориме надвор од веќе договореното, само да ги почнеме преговорите. Па што и ако ги почнеме. Дури и да успее Ангела Меркел да го убеди „братот“ Бојко Борисов да не нѐ блокира за почеток на преговорите, каква е гаранцијата дека подоцна, некој друг „брат„ или „сестра“ од Бугарија нема да продолжи со уцените и лекувањето фрустрации од фашистичкиот период на нивната историја? Тие ќе плукаат, ние ќе викаме – врне.

Па, на крајот на краиштата, и нека не почнат преговорите со ЕУ. Ние навистина многу сакаме во ЕУ, затоа што сакаме да бидеме дел од најмоќната економска заедница, ама и затоа што сакаме да споделуваме некои заеднички цивилизациски вредности на 21 век. Што вредности се овие што сега со силеџиство ги промовира бугарската власт? Меѓу тие цивилизациски вредности е и неприкосновеното право и слобода за самоопределување. Е па сега, ако ние не успееме да влеземе во таа толку посакувана заедница затоа што една земја им наметнала на сите други 26 земји-членки дека на Македонците нема да им го почитуваат правото за самоопределба, тогаш не знам за каква Европска унија зборуваме. Унија е, ама европска, од 21 век, сигурно не е.

Ако самоопределувањето е европска придобивка, зошто тогаш ЕУ воопшто дискутира на оваа тема со Бугарија? Во ЕУ можеш денес да си машко, утре да си женско, ако сакаш можеш да се прогласиш и за цвеќе, ама Македонец што зборува македонски јазик не можеш да бидеш, оти Бугарија тврди дека не знаеме како се чувствувал Гоце Делчев во 1903. За кучињата и мачките повеќе се загрижија отколку за цел еден народ, цел еден јазик и цела култура што е дел од светското наследство.

Кај успеавме да направиме држава во која никој дома не смее да ми каже како треба да се чувствувам и на кој јазик да зборувам, па сега некој друг од странство ќе ми кажува кој сум и што сум.

 

Целата колумна на Горан Михајловски на „СДК“ на следниот линк.

Back to top button
Close