Стапуваат во сила ограничувања на цената на руската нафта и европското ембарго

epa09918532 An aerial view on the cargo ship Sunny Liger at anchor in the North Sea off IJmuiden, the Netherlands, 30 April 2022. The ship carrying oil from Russia is not allowed to dock in the port of Amsterdam over safety concerns, the Port of Amsterdam said. EPA-EFE/Paul Martens

Ограничувањето на цената на руската нафта до 60 долари за барел, согласно договорот на ЕУ, Г7 и Австралија, денеска стапува во сила, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци.

Горната граница се однесува на нафтата што Москва ја извезува по морски пат во светот.

Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел овозможува таа да се продава на трети земји користејќи танкери на државите од Г7 и ЕУ, нивните осигурителни компании и кредитни институции, но само ако нафтата се продава по цена под 60 долари.

Бидејќи клучните светскибродски и компании за осигурување се лоцирани во земјите на Г7, ограничувањето на цената може да и отежне на Москва да продава нафта за повисока цена

Но, Москва соопшти дека нема да ја почитува одлуката, дури и ако треба да го намали производството.

Александар Новак, рускиот вицепремиер задолжен за енергетика, рече дека работат „на механизми за забрана на употребата на инструментот за ограничување на цените, без оглед на нивото на кое е поставено, бидејќи таквото мешање може дополнително да го дестабилизира пазарот”.

Украина, пак, бараше цената да се ограничи на 30 долари за барел. Но, Западот стравува дека премногу ниската цена може да доведе до тоа Русија да ја повлече суровата нафта од пазарот, што ќе доведе до голем скок на цените.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека ограничувањето на цената на руската нафта на 60 долари не е сериозно и тешко дека ќе ја одврати Русија од војната во Украина.

Андриј Јермак, шефот на администрацијата на Зеленски, претходно рече дека границата треба да се постави на 30 долари „за побрзо да се уништи непријателската економија”.

Ограничувањето на цената ќе го разгледуваат ЕУ и Г7 на секои два месеци.

Ембаргото на ЕУ за увоз на руска нафта беше договорено во јуни како дел од пакетот санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Исклучоците се однесуваат на Унгарија, Словачка и Чешка, три земји-членки на ЕУ кои се особено зависни од руската нафта поради нивната географска локација и неможноста да го заменат овој увоз за кратко време.

За два месеци, на 5 февруари, стапува во сила ембаргото за нафтени

Back to top button
Close