Став на СДСМ за случајот РЕК („Адитив”)
СДСМ го поддржува секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби на јавните ресурси и потенцијалната корупција. Одговорноста и транспарентноста се темелите врз кои ја градиме довербата на граѓаните во институциите. Никој не смее да биде над законот.
Бараме од институциите брза, транспарентна и темелна истрага која ќе ја утврди вистината.
Доколку постои вина, истата треба да се санкционира во согласност со законите.
Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и сите релевантни институции да постапуваат професионално и без селективност.
СДСМ останува доследен на принципите на транспарентно и одговорно владеење, поттикнување на борбата против корупцијата и градење институции кои работат во интерес на граѓаните.
СДСМ