Стејт департментот ја поздрави пресудата против Милорад Додик

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на платформата Х објави дека Стејт департментот ја поддржува првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

„Ја почитуваме денешната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, напиша Тами Брус на Х.

Таа понатаму додаде дека САД со децении наназад инвестираат во стабилна Босна и Херцеговина.

Милорад Додик вчера беше осуден на една година затвор поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

„Ние цврсто се спротивставуваме на какви било активности на локалните лидери кои би ја поткопале безбедноста и стабилноста. Го поддржуваме Дејтон и суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, напиша Брус на Х.

Претседателот на РС Милорад Додик вчера беше прогласен за виновен со првостепената пресуда, додека второобвинетиот, в.д. директорот на Службен весник на РС, Милош Лукиќ, беше ослободен од обвиненијата. Додик е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење на функцијата претседател на РС.

Back to top button
Close