Стефан Тафров: Односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не можат да се засноваат на омраза

Поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија и поранешен советник на претседателот Жељу Желев, како и долгогодишен амбасадор во голем број европски земји, Стефан Тафров, во коментар за Бугарската национална телевизија изјави дека односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не можат да се засноваат на омраза.

Тафров, кој е висок член на Демократска Бугарија задолжен за надворешна политика и европски прашања, исто така посочува дека „треба да можеме да разговараме и да се разбираме, затоа што Бугарија беше прва во светот што ја призна Република Северна Македонија како држава “.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Тафров, Бугарија е многу изолирана во ЕУ на оваа тема и тоа е вистината. Бугарската позиција е погрешно разбрана и претседателот Румен Радев јасно покажа дека Бугарија е во дипломатска изолација по ова прашање, и според Тафров, тоа се факти.

Демократска Бугарија сака да создаде патоказ со конкретни мерки што се мерливи. Во моментов, бугарската позиција е сведена на емотивни формулации, коментира Стефан Тафров. 

Back to top button
Close