Стевановиќ: Заболените вакцинирани, болеста ја добиле брзо по примената втора доза

Досега 96 граѓани од вкупно 330.320 кои примиле две дози од вакцината против Ковид 19 се заразиле од вирусот, објави Министерството за здравство.

Една пациентка е од Велес која се заразила од колешка на работа и е пренесена на Инфективната клиника во Скопје. Ја лекувала нејзината матична лекарка Лилија Чолакова Дервишова, која најпрво не се посомневала дека се работи за Ковид затоа што пациентката била вакцинирана со две дози од вакцината Синофарм, а се заразила од колешка која исто така била вакцинирана со Фајзер.

На Инфективната Клиника во Скопје во моментов има двајца пациенти боилни од Ковид 19 кои биле вакцинирани. Освен пациентката од Велес има и еден повозрасен пациент со тешко хронично заболување. Директорката на Клиниката Милена Стевановиќ за Телма вели дека сите 13 кои досега се разболеле имале поблаги симптоми и болеста ја добиле набрзо по вакцинирањето.

Извор: Телма

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close