Стоилковиќ ќе присуствува на меѓународен безбедносен форум во Москва

Во Московскиот регион од 23 до 25 мај се одржува Меѓународен состанок на високи претставници кои се занимаваат со безбедност.

Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Северна Македонија во изјава за Радио Слободна Европа потврдил дека ќе присуствува на собирот во Москва, откако претходно на својот Фејсбук профил се пофали дека е во Москва. Како што рекол, детали за патувањето ќе соопштел откако ќе се врати.

Од политичарите од регионот, посетата на Москва ја најави Милорад Додик, претседателот на Република Српска, еден од двата ентитета на Босна и Херцеговина.

На состанокот во Москва ќе присуствуваат секретари на совети за безбедност, помошници и советници на шефови на држави, вицепремиери, шефови на безбедносни агенции и специјални служби од различни земји, јавуваат руските медиуми. Форумот ќе се одржи под покровителство на рускиот Совет за безбедност. Руската делегација ја предводи секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.

Во Москва е соопштено и дека се очекува на дневен ред да бидат прашањата поврзани со обезбедувањето национална, регионална и глобална безбедност.

Сè уште не е објавена конкретна листа на земји чии претставници ќе се соберат на безбедносниот форум во Московскиот регион, јавува руската државна новинска агенција ТАСС.

Ова е 11- та по ред Меѓународна средба на високи безбедносни функционери во Москва. Претходните настани се одржаа во Екатеринбург, Санкт Петербург, Владивосток, Казан, Улан-Уде, Грозни, Тверскиот регион, Уфа и двапати во

Back to top button
Close