Столтенберг: „Исклучително важно“ е САД и понатаму ја поддржуваат Украина
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека е „исклучително важно“ САД да ја задржат својата поддршка за Украина, откако поранешниот претседател Доналд Трамп избра скептик кон Киев за свој евентуален потпретседател.
-Ова треба да биде заеднички напор меѓу Северна Америка и Европа, а САД се убедливо најголемиот сојузник. Затоа, очекувам тие да продолжат да ја поддржуваат Украина, изјави Столтенберг за француски медиуми на маргините на европскиот самит во Британија