Столтенберг: Мора да се земе предвид загриженоста на сите сојузници

 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска му порача на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека Анкара нема позитивно да гледа на членството на Финска и Шведска во Алијансата, доколку не соработуваат во борбата против тероризмот и други прашања.

Турското претседателство, исто така, во соопштението рече дека Ердоган ја поддржува политиката на отворени врати.

Во објавата на Твитер по разговорите меѓу двајцата лидери, Столтенберг истакна дека мора да се земе предвид загриженоста за безбедноста на сите членки на НАТО и дека разговорите мора да продолжат за да се најде решение

Back to top button
Close