Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Претседателот на Финска, Александар Стуб во телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп изјави дека се формира „„поевропско НАТО“ во кое Европа „презема одговорност“, соопшти кабинетот на финскиот претседател.
Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО.
Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен.
– Конструктивна дискусија и размена на мислења за НАТО, Украина и Иран. Постојат проблеми што треба да се решат прагматично, наведе Стуб на социјалните мрежи.
Во соопштението од неговиот кабинет се додава дека темата за „поевропско НАТО“ ќе биде на дневен ред на самитот на НАТО што треба да се одржи на 7 и 8 јули во Анкара.






