Студен арктички бран зафати поголем дел од САД, откажани повеќе од 4.500 летови

Голем дел од САД беше зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а поради бурните ветришта и снежните виулици откажани се повеќе од 4.500 летови на аеродромите низ земјата.

Во поголем дел од земјат е издаден црвен метео аларм, а се очекува снегот да предизвика големи проблеми во сообраќајот во текот на претстојниот викенд.

Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на празниците помеѓу 23 декември и 2 јануари.

Големите аеродроми, меѓу кои и оној во Чикаго, како најфреквентен во САД, веќе ги откажаа летовите очекувајќи снежна бура.

Повеќе од 4.500 летови закажани за вчера и денеска се откажани, а повеќе од 1.200 се откажани само на двата главни аеродроми во Чикаго, според службата за следење летови FlightAvare.

Претстојното невреме се очекува да донесе снежни виулици во регионот на Големите езера, обилни дождови проследени со ненадеен пад на температурите на источниот брег, ветрови со брзина до 100 километри на час и екстремно студено време на југ до границата со Мексико.

Постои можност невремето да се претвори во феномен кој метеоролозите го нарекуваат „бомбашки циклон” – бура која за кратко време станува силна, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС).

Циклонот може да предизвика обилни снежни врнежи и силен ветер, како и да создаде речиси нулта видливост на патиштата, соопшти метеоролошката служба.

Како што најавија, можни се и прекини на струја, како последица на силен ветер, снег во комбинација со поголема потрошувачка на струја

Back to top button
Close