Студентите во блокада во Србија најавија митинг на 23 мај во Белград

Студентите во блокада во Србија најавија нов студентски митинг на 23 мај на плоштадот Славија во Белград.

„Ова е град каде што нема причина да бидете сами во него на 23 мај“, е пораката на видеото во кое граѓаните се повикани на митингот.

Тоа е само првиот од серијата што го промовираат како дел од кампањата „Студентите победуваат“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека одлука за избори ќе биде донесена за 10-на дена.

„Ќе имаме одлука за десетина дена…Мислам дека изборите се многу важна работа. Како што отсекогаш сум велел дека државата не е играчка, изборите се многу важни, секогаш“, рече Вучиќ во гостувањето на ТВ Инфомер.

Back to top button
Close