Суд во Хаг: Холандското бомбардирање во Авганистан беше незаконско

Холандскиот суд во Хаг денеска пресуди дека холандското гранатирање станбен комплекс во авганистанската провинција Урузган во јуни 2007 година, било нелегално и оти Холандија треба да им плати отштета на жртвите.

Пред две години, холандското Министерство за одбрана побара од Обвинителството да го истражи гранатирањето во кое животот го изгубија десетици цивили.

„Холандија е одговорна за гранатирање на тие куќи. Се знаеше оти тие куќи се населени со цивили. Холандската држава се повикуваше на фактот дека талибанците ги користеле куќите за воени цели и затоа бомбардирањето не било противзаконско“, наведе судот во Хаг.

Судот истакнува дека холандската држава не појаснила доволно врз основа на што дошла до заклучокот дека тие куќи се користени од талибанците и оти поради тоа бомбардирањето е противзаконско.

 

Back to top button
Close