Судот отфрли ефективен притвор за осудените во случајот „Организатори на 27 април”

Судечкиот совет предводен од Илија Трпков, им изрече мерка куќен притвор на Трајко Велјановски, Спиро Ристоски и Владимир Атанасов кои денеска беа осуден на затворски казни за случајот „Организатори на 27 април”.

Ова одлука следеше откако обвинителката Гордана Смаќоска побара изрекување на мерка притвор, но истата судот ја одби. Воедно, за Миле Јанакиески, судечкиот совет истакна дека останува во сила мерката куќен притвор.

Кривичниот суд Скопје денеска ја објави пресудата за ,,Организаторите на 27 април” и обвинетите ги осуди на вкупно 25 години затвор.

Back to top button
Close