Судовите и обвинителството во Црна Гора евакуирани поради дојава за бомба
Зградата во која се сместени Врховниот суд, Апелациониот суд и Вишиот суд во центарот на Подгорица e евакуирана откако на е-маил адресите на овие институции била испратена заканувачка порака дека е поставен експлозив.
Високиот суд за Радио Слободна Европа потврди дека сите вработени ги напуштиле работните места и седиштето на институцијата додека полицијата врши претрес во службените простории.
Полициската управа на Црна Горa сè уште нема соопштение за ова.
Истиот заканувачки мејл е испратен и на адресите на Судскиот совет и на Обвинителството