Судскиот Совет ja разреши претседателката Дамева.таа обвини за анархија

Со седум гласа ЗА, претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева е разрешена од функцијата, констатираше нејзиниот заменик Селим Адеми на денешната седница на Судскиот совет. По кавгите кои траеа неколку часа, а откако Дамева одби да се стави на гласање точка која ја немаше на дневен ред, нејзиниот заменик реши да се гласа со кревање рака. Седум членови го поддржаа заменикот, кој го презеде раководењето на седницата при нејзино присуство.

Дамева бараше да се констатира дека и е одземено раководењето со седницата иако таа е присутна. Таа додаде дека ако оваа одлука биде озаконета, лица од политиката ќе бидат задоволни.

„Ви благодарам многу, ме спасивте мене, оваа одлука е противзаконска. Но нечии желби треба да бидат исполнети. Со гласање од седум гласа, каде нема утврдено ниту основ за разрешување, ниту број на гласови со кои се носи одлуката, ме разрешуваат… Ова не знам како ќе заврши, освен што одредени лица од политиката ќе бидат задоволни од ова. Судскиот совет се вклучи во анархија. Се излезе од контрола. На мое присуство ми се зема право на збор“, рече Дамева

Извор: РСЕ

Back to top button
Close