Суспендирани двајца вработени од АНБ во одделот за стратешка соработка за скандалот Онишченко

Двајца припадници на Агенцијата за национална безбедност, кои се дел од одделот за стратешка соработка, се суспендирани поради случајот со украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко, кој добил македонско државјанство иако бил на црна листа на САД поради мешање во изборниот процес, информира „Фокус“.

Откако директорот на АНБ Виктор Димовски реферираше на седница на матичната собраниска комисија, истакна дека службеник не ја извршил потребната меѓународна консултација со НАТО-партнерите пред да даде согласност дека нема безбедносен ризик.

Повеќе

Back to top button
Close