Сведок од „Десна“ тврди дека во време на убиството на Вања се допишувал со Палевски за набавка на ирански дронови, ама комуникацијата на Телеграм се избришала
Судењето против Љупчо Палевски, Боре Видевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев и Александар Ѓорчевски, за киднапирање и убиство на соседот на Манев, 75-годишниот Панче Жежовски од Велес, а потоа и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, продолжи со доказна постапка на одбраната на обвинетите, пренесе СДК.
Сведокот Зоран Петковски, порано работел во полиција и кој се претстави дека е член на Комисијата за безбедност на политичката партија Десна на Љупчо Палевски, кажа дека се слушнал и се допишувал со него утрото на 27 ноември 2023.
„Јас и Палевски се слушнавме критичниот ден на 27 ноември 2023 година. Комуникацијата беше меѓу 8.20 и 9 часот на таен канал за електронска комуникација преку Телеграм апликација, креиран од Љупчо Палевски. Јас сум член на Комисијата за безбедност во политичката партија Десна. Со Палевски разговаравме за ирански дронови, трансфер преку Србија од Иран. Добив задача од Палевски да соберам информации околу ова и да ги известам останатите членови на Комисијата за безбедност“, одговори сведокот на прашање на адвокатот на Палевски
…