Светско екипно првенство во шах: Алкалоид при врвот

Четири екипи имаат максимален ефект по воведните три кола на Светското сениорско шаховско првенство кое се одржува во Струга со учество на 48 екипи од 17 држави и дури 42 велемајстори.

Во категоријата над 50 години во водство е „Исланд“ со 10.5 поени, пред „Англија 1“ и „САД“ со по 9, додека „Македонија Алкалоид“ е на четвртото место со 8.5 освоени бодови.

Преостанатите две македонски екипи се при дното на табелата. Екипата „Македонија“, составена од слепи и слабовидни шахисти со два освоени бодови е на 20 место, додека женскиот состав „Македонија“ е на последното место со 1.5 поени од првите три кола.

Во категоријата над 65 години, води тимот „Германија Ласкер“ со 9 бодови, додека екипата „Македонија“ е на средина на табелата со 6 бодови во конкуренција на 26 екипи.

Back to top button
Close