СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.З.(45) од с.Сараќино, тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.З.(45) од с.Сараќино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на платежна картичка и издавање на чек без покритие“. На 06.02.2021 во Тетово, пријавениот пронашол паричник на лице од Тетово, кое претходно го изгубило, во кој имало пари и платежни картички со пин кодови. После тоа, од банкомати на две банки подигнал пари и пазарувал од еден маркет, по што ги искршил и фрлил картичките. По преземени мерки било откриено дека пријавениот е сторител на делото и во разговор со полициски службеници го признал делото.

Back to top button
Close