СЗО: Северот на Газа е „пекол“ во здравствена смисла
Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис, ја опиша здравствената состојба на северот на Газа како „целосен пекол“.
Таа изјави дека здравствените работници работат во крајно тешки услови, а потребите за медицинска помош секојдневно растат поради интензивните израелски напади.
Харис нагласи дека здравствената ситуација бара итна интервенција за да се спречи хуманитарна катастрофа