СЗО во криза по повлекувањето на Трамп
Откако Доналд Трамп објави дека се повлекува од СЗО, организацијата соопшти дека ќе го замрзне вработувањето и ќе ги ограничи патувањата.
Од сега, сите состаноци ќе бидат виртуелни, освен во исклучителни околности, а поддршката за земјите ќе биде „органичена на најважното“.
„Како што знаете, Соединетите Американски Држави ја објавија својата намера да се повлечат од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе ја преиспита“, рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус во е-пошта до персоналот.
„Оваа објава ја направи нашата финансиска состојба уште поакутна и знаеме дека создаде значителна загриженост и неизвесност за работната сила на СЗО“, додаде тој.
Како резултат на одлуката на Трамп, ќе постои ограничување и во ИТ опремата, повторно преговарање за големи договори и суспендирање на реновирање на канцелариите и капитални инвестиции, освен ако не е неопходно за безбедност или намалување на трошоците, објави Политико.
Во меѓувреме, италијанскиот вицепремиер Матео Салвини исто така предложи закон за повлекување на Италија од СЗО, пренесува RT Balkan.