Тајван сака да го интензивира партнерството со ЕУ

epa08690896 (FILE) Taiwan’s President Tsai Ing-wen speaks during the European Union (EU) Investment Forum in Taipei, Taiwan, 22 September 2020 (reissued on 23 September 2020). According to news report, President Tsai has been named by Time Magazine as one of the 100 Most Influential People in the world. President Tsai, Taiwan gay rights activist Chi Chia-wei, Chinese President Xi Jinping and Japanese tennis star Naomi Osaka are among the Asians on Time Magazine’s annual list of 100 Most Influential People in the World. EPA-EFE/DAVID CHANG
Претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен вчера во Европскиот парламент изјави дека сака да ги продлабочи економските врски со Европска Унија и да формира одржлив демократски сојуз.

– Тајван сака да ги продлабочи билатералните економски и трговски врски, да ја обезбеди безбедноста на синџирите на снабдување и да ја забрза работата на билатералниот инвестициски договор со ЕУ, истакна Цаи.

Таа додаде дека Тајван и ЕУ се важни трговски партнери и оти минатата година е забележан раст на билатералната трговија од 32 отсто и покрај пандемијата со коронавирус.

Цаи изрази благодарност до ЕП годинава усвои повеќе од 10 резолуции за поддршка на Тајван.

– Светот денес мора да се справи со експанзијата на авторитаризмот, посочи Цаи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close