Таравари: Денес 8 пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште 9 пациенти
На денешната изјава за медиумите, министерот за здравство д-р Арбен Таравари информираше дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и во добра состојба, од кои 8 пациенти денеска се пуштаат на домашно лекување.
– Во моментот 8 пациенти се лекуваат во Клинички центар, од кои 6 на токсикологија и 2 на пластична хирургија, 6 пациенти во Стара градска болница, 5 во ГОБ 8 Септември и 3 во Систина. Во странство во моментот се хоспитализирани 91 пациент, а денеска е планирано да се вратат вкупно 9 пациенти од повеќе земји – Унгарија, Италија, Грција, Србија и Шведска, истакна министерот Таравари.
Во однос на пациентите кои се во критична состојба, министерот посочи дека одредени лабораториски иследувања покажуваат подобрување во однос на претходните денови.
– По враќањето на пациентите од странство, мора да се придржуваме до протоколите од кризниот штаб, односно задолжително се вршат токсиколошки анализи и се спроведува 24-часовен надзор, порача министерот