Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството, рече на денешната собраниска седница министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на прашања на пратеничката од Европскиот фронт Дијана Тоска која праша зошто се отпуштени економски директори, и не се вработуваат медицински сестри иако има потреба во здравствените институции.

Таравари истакна дека проблемите се наследени и дека ДУИ за 22 години власт не успеала да изгради канализациска мрежа во Зајас, а очекува за шест месеци да се изгради Клинички центар. Тој дополни дека е надминат проблемот со позитивната листа на лекови.

-Шесто специјализанти ќе бидат вработени, 300 оваа, 300 наредната година, рече Таравари.

Во однос на економските директори, министерот посочи дека пратеничката не реагирала во 2017 кога тој биле дел од Владата и тогаш разрешувале. Ја повика да ги праша лекарите од ДУИ што е направено во болницата во Тетово, Гостивар…. Најави доволно средства за 2025 година и очекува сите да бидат задоволни од резултатите во здравството.

Министерката за образование Весна Јаневска кажа дека не посетила доволно основни училишта, бидејќи решавала проблеми кои ги оставила претходната власт како недостаток на учебници, долгови, недонесување на закони кои требало претходно да бидат донесени. Таа нагласи дека го посетила регионалниот центар за стручно образование во Тетово, училишта каде настава се изведува на турски јазик. Министерката нагласи дека Законот за Тетовскиот универзитет е донесен 2004 и тој слави 20 години и дека го посетила само Универзитетот „Гоце Делчев“, на УКИМ имала средба со раководството, но дека редовно контактира со ректоратот на Тетовскиот унивезритет.

– Оттука како министер и вие како пратеничка дека мојата честа посета на Тетовскиот (универзитет) може да биде разбрана како вид поддршка или некаков вид на притисок. Јас како министер тоа нема да си го дозоволам, се разбира дека прославите не се такво нешто, рече министерката одговарајќи на пратеничката Тоска зошто не посетува училишта и универзитети каде учат ученици Албанци.

Министерката рече дека сите треба да се залагаат за квалитет на знаењата на учениците и студентите без разлика на нивната етничка припадност.

Министерот за култура, Зоран Љутков посочи дека од 2020 година со одлука на Влада, на Министерството му е одземено правото на користење на објектот на Националната установа Албански театар за деца и млади и е објект кој се наоѓа во заштитена целина. Министерството реагирало дека не може да ги плаќа комуналиите за објект кој не е веќе во негова сопственост и има долг од 15.000 евра за комуналии. Министерството, посочи Љутков, се обидува да најде начин за решавање на овој проблем и е во преговори да се префрли во некоја од националните установи во нивен ресор.

Back to top button
Close