Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во надлежни обвинителства, за кусо време ќе видите кои се

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска посочи дека има сознанија дека функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства. Сепак не спомена конкретни имиња.

– Верувам дека за кусо време ќе видите кои се тие. Не знам, не работам во полиција, ниту во обвинителства или судови. Ако ви треба таква информација, прашајте таму. Но, знам дека многу луѓе и често се движат таму – рече Таравари.

За прозивките испратени од Ахмети деновиве, дека ВЛЕН ги урива достигнувањата на Албанците од изминативе 22 години, Таравари посочи дека ДУИ не се занимава ниту со јазикот, ниту со знамето, туку со заштитата на имотот и најави дека некои функционери ќе мора да понесат одговорност за нивното работење кога биле на власт.

– Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органите и обвинителствата, кога ќе го направат тоа ќе го направат надлежните државни органи, немам точни информации, но знам дека се движат низ тие канцеларии, рече Таравари.

Back to top button
Close