Таравари: Шестмина пациенти во критична состојба – двајца во Љубљана и четворица во Белград

Министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција сподели нови детали за состојбата на повредените пациенти во несреќата во Кочани.

Во Скопје во моментов се лекуваат 10 пациенти, откако 10 лица вчера беа пуштени на домашно лекување. Од нив 27 се во Клинички центар, 11 во 8 септември, и 10 во Градска болница и во приватните клиники се 6 пациенти. Сите што се во домашните болници се во релативно добра состојба. Таравари рече дека за наредните денови се планираат нови исписи, за што ќе се известува јавноста.

Во странските клиники се лекуваат 115 пациенти.

„Добрата вест е дека ако реков првично дека се околу 20 во многу критична состојба, сега се 6 во многу критична состојба. Да се надеваме дека оваа бројка нема да се зголеми со нови лица, односно дека нема да дојде до компликации“, рече Таравари.

Тие најкритични пациенти се двајца во Љубљана, и четворина на Институтот за воена медицина, односно ВМА во Белград

Back to top button
Close