Таткото на Халанд: Мислам дека Ерлин нема да игра за Манчестер сити повеќе од 3-4 години

Алф-Инге Халанд, татко на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, го сподели своето мислење за иднината на напаѓачот.

Мислам дека Ерлин сака да ја покаже својата способност во сите најдобри лиги во светот. За Манчестер сити ќе игра најмногу 3-4 години. Може, на пример, да помине 2,5 години во Германија, па исто толку во Англија, па во Шпанија, Италија и Франција, нели? – рече Халанд постариот во документарниот филм „Халанд: Големата одлука“.

Ерлинг Халанд му се приклучи на Манчестер сити од Борусија Дортмунд во јули 2022 година. За англискиот тим на 10 натпревари има 14 гола и една асистенција.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на 22-годишниот Норвежанец на 150 милиони евра.

Договорот на фудбалерот со Манчестер сити е со важност до крајот на јуни 2027 година.

Back to top button
Close