Таткото на убиената Ема до родителите на момчето убиец: Не ги сакаме вашите пари. Без вас немаше да има потреба од меморијален центар

Драган Кобиљски, татко на Ема (13) која беше убиена во масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“, се обрати до семејството Кецмановиќ.

Револтиран од нивната понуда да донираат во меморијалниот центар посветен на убиените деца и чуварот во српското училиште Кобиљски им порача дека без нив, не би имало воопшто потреба да се гради меморијален центар.

“Вие сте целосно одговорни за масакрот” порача Кобиљски.

„Не можам да го разберам обидот за релативизирање на грозоморното злосторство на Кецмановиќ и ниту желбата на Милјана и Владимир Кецмановиќ да донираат за меморијалниот центар на застреланите деца. Ова преку адвокатите ни го кажуваат луѓе кои не се ни појавиле да ги споделат нашите најдлабоки страдања, што уште еднаш го потврдува целосното отсуство на сочувство и општествена одговорност. Ми преостанува само да ги смирам и да им порачам: Кога станува збор за меморијалниот центар, направивте повеќе од доволно, бидејќи без вас меморијалниот центар не би постоел. Вие сте целосно одговорни за него“ напиша Кобиљски.

 

Back to top button
Close