Таткото на Вања е наместен од полицијата за да се изготви лажен мотив, тврди Палчо 

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството на малолетното девојче, Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски пред судот кажа дека ова е политички монтиран процес, пренесува Фокус.

– Овој родител наместо да го плачи своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви некоја лажен мотив и врска. Јас него не го познавам, рече Палчо за таткото на Вања.

Таткото на Вања кажа дека на располагање се става на судот да се открие вистината за овој случај.

Тој тврди дека докази нема против него, туку цело обвинение е врз основа на лажен исказ на еден обвинет.

Back to top button
Close