Техеран: Бројот на жртвите во поплавите се зголеми на 18
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2022/07/w_57834445.jpg)
Шефот на Националниот кризен штаб, Хасан Нами, во изјава за државната телевизија рече дека едно лице загинало во селото Вескаре, источно од Техеран, а 14 возила останале под вода.
Потешка е состојбата во селото Мерздаран каде се поплавени неколку куќи, а имало и свлечиште.
Нами рече дека досега загинале шест лица, а спасувачките операции се во тек.
Уште две тела се пронајдени во селото Имамзаде Давуд, северозападно од Техеран, објави иранската студентска новинска агенција (ИСНА). Бројот на жртвите во Имамзаде Давуд е зголемен на осум, а се трага по уште 19 исчезнати лица.
Досега се евакуирани 700 жители а во тек се и активности за чистење.