Техеран ги затвора училиштата поради висока загаденост на воздухот

Сите училишта во главниот град на Иран, Техеран, денеска ќе бидат затворени поради лошиот квалитет на воздухот кој се смета за опасен, јави државната телевизија.

Основните училишта беа затворени во последните два дена во Техеран, кој има повеќе од 10 милиони жители, но поради зголеменото загадување денеска ќе бидат затворени сите училишта.

Часовите ќе се одржуваат онлајн.

Слични мерки се најавени и за соседната провинција Алборз. Училишната недела во Иран трае од сабота до среда.

Надлежните ги повикаа и постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост.

Воздухот во Техеран е меѓу најзагадените во светот, а училиштата редовно се затвораат поради лошиот квалитет. Смогот е предизвикан од густиот сообраќај, како и од фабричко загадување и обично се влошува во зимскиот период.

Back to top button
Close