Тела на две бебиња пронајдени закопани во двор во Хрватска, уапсени родителите

Хрватската полиција пронашла тела на две бебиња закопани во двор на куќа, во близина на Вараждин.

Според медиумите во земјата, двете бебиња најверојатно починале од изгладнетост. За нив немало податоци во системот, па се претпоставува дека се родени во домашни услови и никој не го пријавил нивното раѓање.

Пронајдено било и трето дете, неухрането и во многу тешка здравствена состојба.

Локалните власти за хрватските медиуми потврдиле дека родителите на децата биле уапсени. Дел од нив пишуваат за сомнежи за секта, бидејќи и двајцата одбивале да зборуваат и ја читале Библијата. Брачниот пар неодамна се доселил во општината Љубешчица, жителите го забележале неухрането дете и пријавиле сомнително однесување на родителите

Back to top button
Close