Телефонски разговор Зеленски-Рама: Неопходно е Европа да биде дел од мировните преговори
Албанскиот премиер Еди Рама денеска остварил телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој оценил дека Европа мора да биде на преговарачка маса и дека „се што е поврзано со Украина мора да се случи со учество на Киев”.
„Имав добар разговор со премиерот на Албанија и се заблагодарив на албанската влада и народ за поддршката за Украина и нашиот народ, напиша Зеленски на Платформата „Х“, објави АТА.
Додава дека разговарале за многу важни теми – заеднички проекти и пошироки перспективи, како и европски дипломатски иницијативи.
-Клучно е Европа да биде на преговарачка маса. Сè што е поврзано со Европа мора да ја вклучи Европа, а сè што е поврзано со Украина мора да ја вклучи Украина. Заедничката визија и координираните чекори се од суштинско значење за постигнување праведен и траен мир. Работиме заедно на зајакнување на безбедноста низ Европа. Ви благодариме за поддршката, пишува Зеленски.
Украинскиот претседател ја истакнал неопходноста од „европско единство во соочувањето со актуелните безбедносни предизвици”.