Тен Хег сака да го задржи Еванс во Манчестер јунајтед
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег, откри дека сака да го задржи дефанзивецот Џони Еванс во тимот. Во текот на летото, 35-годишниот фудбалер потпиша краткорочен претсезонски договор.
– Би сакал Еванс да остане. Се разговара за нов договор. Преговараме и кога ќе имаме вести, ќе ги објавиме како и обично, го цитира Тен Хаг новинарот Фабрицио Романо.
Еванс потекнува од младинските екипи на Манчестер јунајтед. На 198 натпревари постигна седум гола и седум асистенции