Теодор Симиќ ќе настапува за Борац Бања Лука

 

Македонскиот репрезентативен центар, Теодор Симиќ во сезоната што претстои ќе игра како како позајмен играч на Борац од Бања Лука, откако потпиша за Игокеа.

По разделбата со Барселона, 18-годишниот Симиќ се согласи на повеќегодишен договор со актуелниот шампион на Босна и Херцеговина, и клуб кој веќе неколку години со успех го предводи доскорешниот селектор на нашата најдобра селекција, Драган Бајиќ.

Согласно договореното со раководството на тимот од Александровац, првата сезона Теодор Симиќ ќе ја помине како позајмен играч во екипата на Борац од Бања Лука, каде низ натпреварите во АБА 2 лигата ќе собира искуство, потребно за надградба на постоечкиот играчки талент.

Симиќ-јуниор беше најдобриот играч во нашата селекција до 18 години на Европското првенство 2022 во Измир, со просек од 15,4 поени, 9,7 скока и една аситенција.

Воедно, настапот во Борац ќе биде и првиот сениорски предизвик за еден до нашите најталентирани кошаркари по периодот поминат во младинските селекции на каталонскиот гигант.

Back to top button
Close