Тепачка за јакни и бунди пред „Фристајлер“: Си земаат што сакаат од купот облека извадени надвор

Доаѓаат и велат дека им треба бела јакна, но потоа земаат и две црни. Други зборуваат на телефон и велат дека земаат облека за пријатели
Доаѓаат и велат дека им треба бела јакна, но потоа земаат и две црни. Други зборуваат на телефон и велат дека земаат облека за пријатели

Пред сплавот „Фристајлер“ кој вчера делумно потона, а гостите панично побегнаа, утринава неверојатна сцена – луѓето се грабаат по гардеробата што синоќешните гости на локалот ја оставиле бегајќи во паника спасувајќи жива глава, пренесуваат српските медиуми.

Синоќешните гости дошле пред сплавот д ги бараат своите јакни и бунди, чевли и друго што имале, а меѓу нив имало и многу странци кои останале без своите документи, пренесува Блиц.

Меѓутоа, како што надвор стоел куп облека, бидејќи не може да се качи на сплавот со оглед на тоа што е половина во вода, почнале да се собираат оние кои немале врска со синоќешната прослава и земале јакни и бунди кои не се нивни.

Доаѓаат и велат дека им треба бела јакна, но потоа земаат и две црни. Други зборуваат на телефон и велат дека земаат облека за пријатели.

И гардеробата на персоналот на сплавот им е оставена на сплавот и не можат да дојдат до неа.

Малку подоцна дошла полиција која сега ги чува јакните, а од оние кои доаѓаат и тврдат дека тоа се нивни работи бараат доказ дека навистина е така.

По хаосот со земањето на гардеробата, таа сега е префрлена на друг сплав, односно повеќе не стои на шеталиштето.

Белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона синоќа за време на новогодишната ноќ. Очевидци на драмата што се случила во популарниот клуб велат дека водата почнала да надоаѓа десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се навалил, почнала паниката и стампедото кон излезот.

Back to top button
Close