(Видео) Тешка сообраќајна несреќа на обиколница во Скопје

Доцна вечерва на социјалните мрежи беше објавено дека  на обиколницата во Скопје. се случила страотна сообраќајна несреќа по која избувнал пожар, а на лице место се пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош

Од самите фотографии се гледа дека во несреќата учествувало и најмалку едно товарно возило.

Не е познато дали има повредени

Според првичните информации што ги објави Алсат, постои сомнеж дека камионот преминал во спротивната лента, а како можна причина се споменува дека возачот најверојатно загубил свест од замор непосредно пред судирот.

Во текот на ноќта, истражните органи вршеле увид на местото на несреќата, а се очекуваат повеќе детали по завршување на истрагата.

Видеото од страшната несреќа може да го погледнете тука!

Back to top button
Close