Тешка сообраќајна несреќа во Струмица – се судрија трактор и автомобил

Вчера во 05.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон 595“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.И.(48) од село Мокриево, струмичко и патничко возило „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(64) од село Градашорци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица

Back to top button
Close