Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Неготино

Со тешки повреди се здобил мотоциклист при судир со возило „пасат” вечерва во Неготино. Информацијата за МИА ја потврди портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

– Вечерва во 20:45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Идустриска” и ,,Маршал Тито” се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл „сузуки” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од А.К.(54) од Кавадарици и патничко возило „пасат“ со регистарски ознаки од Виница, управувано од Ф.А.(29) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кавадарци, појасни Ѓаковска.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи од Неготино

Back to top button
Close