Тешко повредена 40-годишна жена во сообраќајка во Прилеп

Прилепчанка на 40-годишна возраст е тешко повредена во сообраќајка.

Како што информираат од МВР, вчера околу 11 часот на крстосница од ул. „Архиепископ Доситеј” со ул.„Ристо Секирчанец” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пасат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(27) од с. Гостиражни и патничко моторно возило марка „поло” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(40) од Прилеп.

По несреќата М.М. со возило на Итна медицинска помош Прилеп е пренесена во Градска болница Прилеп каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Back to top button
Close