Тетовец со четирицикл излетал од патот, повреден е и тој и сопатникот


МВР информира дека вчера попладне во 17 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка – Тетово, во с. Гајре, Тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(39) од с. Порој, Тетовско, излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.Н.(32) од с.Порој, констатирани во Клиничка болница Тетово.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Back to top button
Close