Тинејџерот Цеков трет на Охридскиот пливачки маратон – златото и среброто завршија во Италија!

Алесио Окипинти делницата од 25 километри од Свети Наум до Охрид ја помина за време од 5:03.44 часа со што зад себе го остави сонародникот Николо Ричарди,
Македонската пливачка надеж Петар Цеков кој има само 17 години го пополни последното место на подиумот и дојде до бронзата.
Кај дамите најбрза беше Аргентинката Матје Ален Пука која четврта пристигна на целта со време од пет часа 20 минути и 46 секунди.






