Тлото во Турција не мирува, вечерва нов земјотрес од 5,5 степени

Нов земјотрес вечерва со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, чие тло веќе неколку дена никако не мирува.

Потресот бил во близина на градот Кахраманмараш, на длабочина од 10 километри. Тој град беше еден од напогодените во разорниот земјотрес на 6. февруари.

Оттогаш, тлото на Турција постојано се тресе и регистрирани се повеќе земјотреси, кои се префрлија и во Романија и Грција во последните неколку дена

Back to top button
Close