Томе Блажески од “Цар Борис Трети” на распит во oбвинителство

Претседателот на згаснатиот бугарски културен клуб “Цар Борис Трети” на 28 април е повикан да даде исказ во обвинителството кое постапува по пријава за ширење говор на омраза поднесена од еврејската заедница во Македонија.

Мене не ми е целата некој да оди во затвор 10 години,туку да престане омаловажувањето и дискриминацијата на евреите преку величење на нацизмот и фашизмот, вели претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.

“Очекувам да престанат провокациите и евреите жртви од Втората светска војна да престанат да бидат политичка монета за поткусурање.И мене ми е многу криво што тој фашистички наратив,или тој антисемитизам денеска во 2023-та година се шири со едно невидено темпо и се потпалуваат масите и во Бугарија и во Македонија,па тоа не е во ред.И ние во Македонија не можеме да дозволиме враќање на историјата назад и будење на фашизмот преку промоција на колаборатори на Хитлер“ вели Пепо Леви

.

Ние немаме ништо против сегашна соседна Бугарија, но непотребно се шири омраза помеѓу бугарскиот и македонскиот народ, а нетрпеливоста расте. Наместо сега да газиме со огромни чекори кон  Европската унија, ние сите ја сечеме гранката на која стоиме, додава Леви.

Томе Блажески подолго време го нема во јавноста, а клубот во Охрид е затворен и просториите се напуштени и испразнети, и покрај тоа што киријата за просторот на клубот е платена за период од една година.
За разлика од клубот “Цар Борис Трети” во истиот објект непречено и без проблеми, провокации и скандали функционира исто така бугарски културен клуб “Балкански хоризонти”

Back to top button
Close