Топланата Скопје север утрово пушти парно – не се знае до каде се преговорите со србија за најголемиот број скопски домаќинства

Неколку стотини скопски домаќинства утрово се разбудија со топли радијатори. Станува збор за граѓаните од Бутел и Чаир, кои се греат на Топланата Скопје Север,  и тоа околу 500 семејства.

Според сознанијата на Фактор, топланите Скопје Север и Енергетика, деновиве ги купиле потребните количини на гас за неколку дена од „Макпетрол“, компанија која го набавува овој енергенс од „Гаспром“.

Како што е познато, и пред официјално да почне грејната сезона, односно 15 октомври, а откако ќе стартува овој месец, парно во скпопските домови се пушта доколку е исполнет климатскиот услов, а тој е средната температура за денот според прогнозите на УХМР да биде под 12 степени целзиусови. Односно, се прави просек од прогнозираните температури за 7 и 14 часот, и две вредности за 21 часот, што се дели со четири и се добива средната вредност на температура предвидена за наредниот ден.

повеќе

Back to top button
Close