Топлата зима во Европа ги пресуши реките, езерата и каналите

Стариот континент се соочува со суша која има тенденција да ги пресуши реките и каналите, и да ги исцрпи резервите во хидроелектраните. Од Норвешка и Швајцарија до Србија и Романија, властите

Стравувања за снабдувањето со вода

Во Шпанија, која во 2022 ја доживеа најтоплата година досега, постои загриженост за снабдувањето со вода.

„Не можеме да гарантираме снабдување со вода за пиење или за економска употреба, потпирајќи се исклучиво на дождот“, рече неодамна на прес-конференција Тереза Рибера, министерка за еколошка транзиција.

Земјата ги одобри плановите за инвестирање околу 24 милијарди американски долари во управувањето со водите, вклучувајќи мерки за подобрување на санитарните услови и третман и модернизирање на наводнувањето.

Од 1980 година просечната достапна вода е намалена за 12%, со проекции дека може да има дополнително намалување до 40% до 2050 година.

Сувото време во Шпанија, исто така, го загрозува ценетиот „jamón ibérico bellota“, бидејќи ниските врнежи и зголемените температури влијаат на желадите што ги јадат свињите.

Според Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), ерозијата на почвата може да доведе до загуба од 10 отсто во глобалното земјоделско производство до 2050 година. Со оглед на тоа што

 

Следните недели ќе бидат клучни

Додека Европа и претходно беше погодена од летните суши, експертите стравуваат дека исклучително сувите последни два месеца може да сигнализираат нова реалност, делумно предизвикана од зголемувањето на просечните глобални температури.

„Овие услови беа ретки во минатото, но климатските промени ги менуваат режимите на врнежи во Европа и ги прават овие екстреми повторливи и поинтензивни“, изјави за Си-Ен-Ен Андреа Торети, климатолог во Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

„Постои зголемена загриженост поради недостатокот на врнежи во последните недели, како и поради сушата во 2022 година. Следните недели ќе бидат клучни“, смета Торети.

Припишувањето на зимската суша на климатските промени ќе бара специфична анализа која сè уште не е спроведена, но Торети вели дека таквите настани „се очекуван ефект од климатските промени во смисла на почести и поинтензивни екстреми“.

Back to top button
Close